Козињак со семе од афион

Козињак со семе од афион

kozinjak so seme od afion (1)

Рецепт и фотографии: grandadscookbook.blogspot.mk

Мек, благ козињак со кремаст фил од семе од афион. Секогаш го јадеме за Велигден. Дури и повкусен е по неколку денови.

Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 200 грама шеќер
  • 1 1/2 чаша млеко
  • 1 квасец
  • 1 чаша масло
  • 4 јајца
  • кора од лимон
  • 1 пакетче прашак за печиво
  • За филот:
  • 300 грама семе од афион
  • 300 грама шеќер
  • 1 чаша млеко

kozinjak so seme od afion (3)

Подготовка:

За филот, ставете го семето од афион во блендер се додека не се сомеле. Измешајте го афионот со 300 грама шеќер и една чаша млеко и ставете ги во тенџерче на шпорет. Варете го филот 10 минути и ставете го настрана да се излади.

За тестото, прво кавсецот со малку шеќер и млако млеко ставете го една чаша за да нарасне.

Измешајте го брашното со 200 грама шеќер, доадете го млекото, кората од лимон, маслото и прашокот за печиво. Се убаво измешајте и месете се додека тестото не стане меко и нелепливо.

Поделете го тестото на два дела. Исукајте го секој дел во правоаголник со димензии 30×40 см.

Намачкајте го филот врз двата дела и завиткајте го тестото како ролат. Ставете ги двата ролати во тавче за печење и оставете ги така 30 минути.

Загрејте ја рерната на 175 степени.

Изматете едно јајце и премачкајте ги ролатите.

Печете околу 30-40 минути.

kozinjak so seme od afion (2)

Сварете си филџан турско кафе и уживајте!