Колач со јагоди

Колач со јагоди

kolach od jagodi (2)

Рецепт и фотографии: garlickygirl.wordpress.com

Премногу лесен колач, вкусен и толку сочен (дури и по 4 денови!) кој одлично оди со попладневното турско кафе.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 400 грама брашно
  • 300 грама шеќер
  • 200 мл млеко
  • 150 мл масло за јадење
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1/2 пакетче прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 250-300 грама свежи (или замрзнати) јагоди (или било кое друго овошје)

kolach od jagodi (3)

Подготовка:

Во длабок сад скршете ги јајцата. Ставете го шеќерот и матете со миксер. Додадете ги млекото, ванилиниот шеќер и маслото. Изматете. Додадете го брашното, прстофат сол и прашокот за печиво. Матете со миксер додека да се соединат состојките. На крај, додадете го овошјето и измешајте со лажица. Смесата претурете ја во тавче за печење претходно обложено со хартија за печење. Печете на 200 Целзиусови степени околу 35-40 минути, односно кога ќе биде печено (проверете со чепкалка за заби, ако излезе чиста кога ќе ја брцнете во средина, печено е колачето).

kolach od jagodi (1)

Оставете малку да се олади, па потоа попрскајте со шеќер во прав. Сервирајте со шолја турско кафе.