Каша од сурова хељда

Каша од сурова хељда

heljda-bravo-6

Рецепт и фотографии: sitnoseckano.com

За каша од сурова хељда не ви треба строг рецепт. Откако ќе отстои во вода, изблендирајте ја со некоја течност (млеко, јогурт, кефир, растително млеко, сок…), зрна, семки, јаткасти плодови, свежо и/или замрзнато овошје, зачини (ванила, цимет…), нешто за заблажување (мед, суви овошја…). Испробајте разни комбинации и видете што најмногу ви се допаѓа, а еве како ние ја јадевме за појадок пред некој ден.

Состојки за 3 – 4 порции:

  • 1 шоља зрна хељда
  • Шака бадеми
  • 1 лажица семе чиа
  • ½ шоља кефир
  • 2 јаболка
  • Шака замрзнати капини

Подготовка:

Ставете ги зрната хељда и бадемите во вода, во посебни садови, и оставете ги неколку часа или до следниот ден. Потоа исплакнете ги и изблендирајте ги заедно со другите состојки.

Надополнетe со кришки јаболко, банана, какао зрнца, семки од тиква, мед, цимет и кафе.

Можете да направите поголема количина за да имате и следните денови, само имајте во предвид дека ако користите домашен кефир тој со тек на време станува покисел.

heljda-bravo-24