За Нас

За Нас

Компанијата РИО КАФЕ е основана во 1991 година. Комбинирајќи ја италијанската традиција со напредната технологија, искусниот работен тим на РИО КАФЕ успеа во изминатиот период да се профилира како лидер во својата област, создавајќи водечки производи на пазарот на кафето. Со спојување на квалитетот, современата технологија и врвниот дизајн, како и потребите на потрошувачите, успеа да создаде единствени препознатливи производи од кафе, кои вистинските уживатели на добриот вкус секогаш сакаат повторно да ги вкусат. Компанијата РИО КАФЕ денес е лидер во преработка и продажба на кафе на македонскиот пазар, со амбиција за збогатување на својата понуда и проширување на пазарот.

Компанијата РИО КАФЕ ги следи светските трендови на производството на кафе и постојано вложува во врвна најсовремена италијанска технологија. Благодарение на обработката и современиот систем на пакување, кој е целосно еколошки, производите на РИО КАФЕ секогаш ги задржуваат својот оригинален вкус и свежина.

Секогаш актуелни и во дослух со желбите на своите потрошувачи, РИО КАФЕ постојано се стреми кон врвни производи со проверен квалитет, збогатувајќи ја уште повеќе богатата палета на производи од кафе. Покрај постојаното вложување и унапредување на технологијата и ресурсите, РИО КАФЕ се истакнува и со своите квалитетни маркетиншки кампањи.

Отворањето на едно пакување и вкусувањето на ароматичните производи на РИО КАФЕ станува незаборавен миг. Секое утро, илјадници уживатели на добриот вкус го започнуваат денот со нашите производи, препознатливи по својот специфичен и врвен квалитет.

Откријте го вистинското задоволство на кафето. Ви стоиме на располагање.